СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

Искрател прослави 70 години од модернизирањето на телекомуникациите со нови амбициозни цели

News1.png 

На гала вечерта за својата 70-годишница, Искрател беше домаќин на 250 гости од 21 држава

 

Љубљана, Словенија, 4. Мај, 2017Искрател, како водечки Европски добавувач на Инфокомуникации и телекомуникациски решенија, го започна својот 70-годишен јубилеј најавувајќи дека има за цел да ги удвои приходите од продажба до 2020 година и амбициозно да се прошири на нови пазари.

 

Компанијата има намера да ја прошири својата понуда, како во поглед на вертикалните пазари, така и од аспект на географскиот опсег, со таргетирање на индустриите како што се  транспортот, јавната безбедност и енергетиката. Со 500 милиони крајни корисници на нејзина технологија, Искрател има заземено цврста позиција на својот базичен пазар на телекомуникации, од моментот на нејзиното формирање во 1947 година, и е веќе 30 години присутна на пазарите ширум светот.

 

За да ја одбележи својата 70-годишница, компанијата одржа гала свеченост во Конгресниот центар на Брдо, истакнувајќи ги своите досегашни достигнувања и стаж во телекомуникациската индустрија. На настанот беа присутни голем број на еминентни странски и домашни гости, меѓу кои и Македонскиот амбасадор Томи Димитровски. Во чест на оваа прилика, исто така беа објавени книга со наслов Искрател 70 години и видео анимација.

 

“Во последните 70 години, Искрател напредуваше и покрај многуте различни политички и економски промени, затоа што ние инвестиравме во луѓето, во нивната стручност, како и на полето на истражување и развој", рече извршниот директор на Искрател, Жељко Пуљиќ. "Во текот на својата историја, Искрател изгради силни партнерства и стана лојален и доверлив добавувач, дури и во тешки времиња. Соочени со новите предизвици, ние сме охрабрени  од нашата традиција на успех, додека се движиме кон иднината. ”

 

На настанот беше истакнато трајното влијание кое Искрател го има направено на генерации од луѓе од различни континенти, во последните седум децении, од времето на основањето на компанијата до денес. Тука се иновациите, модернизацијата, растот и развојот, кои Искрател ги комбинира со искуството во својататехнологија, во функција на подобрување на квалитетот на животот на луѓето.

 

"Вработените во Искрател отсекогаш покажувале извонреден тимски дух и посветеност и тоа е силата која ни помагаше успешно да се движиме низ последните седум децении", рече Пуљиќ. "Искрател е наследство, кое генерациите го изградиле, збогатиле, развиле и зајакнале во текот на годините, за да се создаде една од водечките компании на Инфокомуникациите во Европа, со јасна стратегија за идниот развој."

 

За целосна фото галерија од гала свеченоста, посетете ја страната Iskratel 70th

За повеќе информации за Искрател, посетете јастранатаwww.iskratel.com, а видеото во чест на 70-годишницата, може да го најдете на: youtube.com/watch?v=0vmLoXadWlY.

Get In Touch

Address

St.Mirce Acev 2

1000  Skopje

Phone: +389 2 32 35 300

mail:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Copyright © by ITS Iskratel